CG/SR/BH jezik
istinomjer logo

Користење на новите технологии во промовирањето на транспарентноста на владите

CDT  Zašto ne?  Crta  Most 

ВО ПРОЕКТОТ

 

 

Донатор: NED – National Endowment for Democracy

NED

Износ: 48,500.00$

Учество на донаторот: 100%

Учесници во проектот:

Период на реализација на проектот: 01.05.2013 – 31.01.2014.

За проектот: Проектот има за цел да обедини четири организации од Балканот кои се занимаваат со отвореноста и одговорноста на институциите, со што би се овозможила меѓусебна размена на знаења и искуства. Исто така, преку мониторинг на отвореноста на владите и министерствата во сите четири земји, проектот ќе овозможи регионална споредба со што би се креирала конкурентна околина и простор за заеднички напредок. Преку внимателно испланирани активности, четирите организации ќе спроведат мониторинг на владите и министерствата, а потоа ќе креираат препораки базирани на сопствените искуства. Дополнителната вредност на проектот е можноста организациите да ја развијат мрежата иницирана со овој проект и да продолжат со активностите на застапување дури и по завршувањето на овој проект.

Специфичните цели на проектот се:

  • Овозможување на меѓусебна размена на знаења и искуства преку формирање на мрежа од организации кои се занимаваат со отвореноста и одговорноста на институциите;
  • Овозможување на регионална споредба на транспарентноста на владите и министерствата преку резултатите од мониторингот;
  • Подобрување на отвореноста на институциите преку активности на застапување и препораки базирани на резултатите од мониторингот.