Користење на новите технологии во промовирањето на транспарентноста на владите

 CG/SR/BH jezik
istinomjer logo

Користење на новите технологии во промовирањето на транспарентноста на владите

CDT  Zašto ne?  Crta  Most 

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во БиХ со мониторингот се опфатени следните институции: Советот на министри на БиХ и неговите 9 министерства, Владата на Федерацијата БиХ и нејзините 16 министерства, Владата на Република Српска и нејзините 16 министерства. Прегледот на индикаторите за Босна и Херцеговина се разликува од оној за останатите држави по тоа што покрај прегледот на индикаторите за веб страниците на Советот на министри и министерствата на државно ниво, даден е и преглед на индикаторите за веб страниците на владите и министерствата на Федерацијата БиХ и Република Српска. Кај другите држави не се следеа индикатори на нивоа на власт пониски од државното. Причината за ова е комплексното државно уредување на БиХ, според кое повеќето од надлежностите на извршната власт се лоцирани на ентитетско ниво (во случајот на Федерацијата БиХ многу од нив се лоцирани дури и на кантонално ниво). Поради тоа практично е невозможно да се заобиколат ентитетските институции кога се работи за користењето на новите технологии за отвореност во работата на владите, со оглед на тоа што токму овие институции се одговорни за повеќето политики кои се важни за животот на граѓаните на Босна и Херцеговина.

 

  • Советот на министри оствари резултат од 37.74%, а деталните резултати по индикатори можете да ги видите ОВДЕ.

     

     

    Министерствата на државно ниво во БиХ остварија просечен резултат од 25.74%.

     

     

    Изберете министерство за кое сакате да ги видите деталните резултати по индикатори.

     

  • Влада на Федерацијата БиХ оствари резултат од 35.85%, а деталните резултати по индикатори можете да ги видите ОВДЕ.

     

     

    Министерствата во Федерацијата БиХ остварија просечен резултат од 32.71%.

     

     

    Изберете министерство за кое сакате да ги видите деталните резултати по индикатори.

     

  • Влада на Република Српска оствари резултат од 49.06%, а деталните резултати по индикатори можете да ги видите ОВДЕ.

     

     

    Министерствата во Република Српска остварија просечен резултат од 25.21%.

     

     

    Изберете министерство за кое сакате да ги видите деталните резултати по индикатори.